Две плеј-оф пресметки кои можат да донесат промени на табелата!

129

Денеска ќе биде комплетирано шестото коло во плеј-офот. На програмата се два интересни дуели, еден во Скопје и еден во Охрид.

Македонскиот вицепрвак е гостин на Бутел (18 часот), противник кого го совлада пред неколку дена во битката за место во завршницата на Купот на Македонија. Избраниците на Кирил Лазаров пред оваа средба се наоѓаат на петтото место на табелата, победа на оваа средба, дефинитивно ќе донесе промена на табелата. Најмлаку може да се искачи две места погоре, сето ова зависи од крајниот исход во Охрид.

Во салата „Билјанини извор“, ГРК Охрид е домаќин на Вардар 1961, меч кој стартува во 18:30 часот. Домаќинот е втор на табелата со 14 бода, два повеќе од Аклакоид и „црвено-црните“, победа ќе му донесе зацвртување на оваа позиција, додека пораз ќе значи пад од две места. Доколку најтрофејниот тим си замине со целиот плен ќе оди на второто место, ќе има ист број на бодови колку и Алкалоид, секако доколку и тој дојде до триумф.

Сето ова е доволна најава за две интересни пресметки.

ПретходноЕлиф Елмас: Мојот сон е со Македонија да играм на СП!
СледноУжасни вести за Пикси: Дали Србија ќе мора на ЕУРО 2024 без својот најдобар фудбалер?! (ВИДЕО)