ПМФЛ: Супер Вардар го победи шампионот, “сините“ го урнаа Шкупи, моќен Тиквеш, без победник во Ѓорче и Охрид! (ВИДЕО)

1559

Попладнево се одиграа пет средби од 26.коло во ПМФЛ. Најинтересно беше на дербито на Маџари, каде Вардар со 1:0

Добар, одличен Вардар, посебно во второто полувреме кога домашниот состав апсолутно го надигра шампионот. Вардар имаше три зицери, но Ќосевски бранеше како во транс, но не успеа во во 74.минута кога Ѓуриќ ја затресе неговата мрежа. Слабо издание на тимот на Шпетим Дуро, кој со ништо не покажа зошто е шампион.

 

Во 96.минута Гачевски спаси гол, по неколку секунди и Алтипармаковски спаси чист гол.

Брегалница под водство на новиот стратег Трајче Сенев, со голот на Пепи Ѓорѓиев успеа да го победи Шкупи со 1:0. Штипјани се враќаат во игра за опстанок.

 

Тиквеш убедлив со Брера и победа од 3:1. Уште еднаш кавадарчани покажаа дека се во супер форма. Со овие три бода Тиквеш и дефинитивно се чини дека го потврди опстанокот, ако имаше и причина за стравување за такво нешто.




 

Без победник во Охрид, Воска и Работнички одиграа 1:1. Ова значи дека Горан Станиќ, новиот стратег на Работнички тргна со реми.


 

May be an image of 2 people, people playing soccer, people playing football and text

Македонија ЃП одигра 1:1 со Шкендија, во меч кој беше интересен и меч кој тетовци загубија два златни бода.

РЕЗУЛТАТИ ЗА 26.КОЛО

БРЕГАЛНИЦА – ШКУПИ 1:0

(Ѓорѓиев 8./)

МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА 1:1

(Жилберто 35./Красничи 23.)

ТИКВЕШ – БРЕРА 3:1

(Малески 19., Силва 35, Спахиу 69./Ристевски 33.)

ВАРДАР – СТРУГА ТЛ 1:0

(Ѓуриќ 74./)

ВОСКА – РАБОТНИЧКИ 1:1

(Марушиќ 20./Стојановски 31.)

ВЧЕРА

СИЛЕКС – ГОСТИВАР 0:0

ПретходноЕгоров за еден поен не успеа да обезбеди олимписка норма за Париз
СледноГол-ревија во Монца, Наполи славеше со пресврт (ВИДЕО)