Силен е овој Вардар…, еве каде е сега на табелата! (ФОТО)

5414

Не паметиме наназад две години, од како Струга ТЛ е неприкосновена во мак – фудбалот, така да биде надиграна како денеска на Маџари, и тоа од Вардар. Вардар победи со 1:0, ама реално требаше да биде 4:1, ако не и повеќе. Силен е овој Вардар, посебно во второто полувреме кога само голманот на гостите спаси барем три зицери.

Сега веќе нема дилеми, опстанокот е реалност, сега Вардар е осми на табелата и тоа пред Работнички, Воска, Македонија ЃП и Брегалница. Се разбира дека ништо уште не е готово, но ако Вардар игра вака како што одигра денеска, нема да има проблем да се дојде до целта.

Инаку денеска на Маџари уште еден спектакл од “Комитите“, кореографија за паметење и победа за паметење.

Во продолжение можете да ја видите табелата по 26.коло:

Струга ТЛ 54, Шкупи 51, Шкендија 49, Силекс 37, Тиквеш 36, Гостивар 33, Брера 30, Вардар 29,Работнички 28, Воска 28, Македонија ЃП 25, Брегалница 25…

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

No description available.

ПретходноГол-ревија во Монца, Наполи славеше со пресврт (ВИДЕО)
СледноГоразд Михаилов: Голема победа, честитки за играчите и благодарност до “Комити“ за поддршката!