Штип УГД ја доби драматичната „мајсторка“ и закажа финале со Струмица

158

Освојувачот на Купот на Македонија, Штип УГД е втор финалист во домашното првенство. Во третиот меч од полуфиналната серија, популарната „мајсторка“, штипјани успеаја да направат „брејк“ во Скопје против Работнички 71&22 и да дојдат до место во финалето, каде за противник ги очекува шампионот Струмица.

РАБОТНИЧКИ 71&22 – ШТИП УГД  1:3 (21:25, 28:26, 17:25, 26:28) / (1-2)

Слично како и на првите две средби и вечерва во Скопје видове голема битка во четири сета. Штипјани поведоа освојувајќи го првиот сет со 25:21, додека Работнички ја доби драмата во вториот сет на разлика и успеа да израмни.

Третиот сет комплетно им припадна на гостите кои прилично лесно дојдоа до нова предност, за четвртиот сет да донесе уште една голема драма. Работнички беше одличен, имаше и сериозна предност од 3-4 поени во завршницата, но Штип УГД успеа да се врати во живот, па дури и со предност од еден поен да влезе во самата завршница. Сетот отиде на разлика и по неколку промени и тешки топки, на крајот Штип УГД успеа да дојде до посакуваните два разлика за 28:26 и пласман во големото финале.

Финалната серија меѓу Струмица и Штип УГД ќе се игра во три добиени средби.

ПретходноПолувреме: Пресврт на Реал против Сити, Баерн води во Лондон
СледноЛуис Енрике: „Го претставувам стилот на Барса подобро од Чави“