Денеска во 17 часот градоначалникот на Тетово, Билал Касами и официјално на јаноста ќе и го презентира проектот – НОВИОТ СТАДИОН ВО ТЕТОВО.
Како што велат нашите информации трибините од сегашниот стадион ќе се урнат, ќе се гради буквално се од ново, а како тоа ќе изгледа, можете да видите од фотографиите.
Во јуни е закажан почетокот на првата фаза од изградбата на новиот стадион кој ќе биде со капацитет од 12.000 места и ќе ги сите придружни елементи, на кој ќе може да се играат и мечеви од европски ранг. Пред се тука мислиме на репрезентацијата и на клубовите во Европа.
Со ова Градскиот стадион во Тетово, мислиме на сегашниот, кој беше пуштен во употреба во 1980, тогаш како нов, си го заврши своето.