Лудило: Алегри го соблече сакото, ја тргна вратоврската и урлаше (ВИДЕО)

519

Масимилијано Алегри проговори по победата на Јувентус од 1:0 против екипата на Аталанта во финалето на турнирот во Купот на Италија, кој „старата дама“ го освои по 15-ти пат во својата историја.

Ова веројатно беше последниот трофеј што Алегри го освои со Јувентус. Првиот мандат на клупата на тој тим го отслужи од 2014 до 2019 година, а потоа се врати во 2021. Клубот е во резултатска криза, го загуби приматот во Серија А и разделбата е на повидок, пренесуваат италијанските медиуми. Алегри како тренер на Јуве освои 12 трофеи.

Тој по едно несогласување со судиите го соблече сакото, па потоа урлаше. Откако беше исклучен ја тргна вратоврската и почна да ја откопчува и кошулата.

 

„Јувентус победи и ништо друго не е важно. Многу сум среќен за момците, тие го направија клубот, навивачите и мене среќни. Победата никогаш не е лесна, но тоа е во ДНК на Јувентус, па ако јас не бидам тренер на тимот следната сезона, ќе оставам зад себе силен тим. Клубот наскоро ќе донесе одлука за мојата иднина. Освојувањето на Купот на Италија е тимски успех. Не беше лесно. Кога си во голем клуб, нормално е да те критикуваат. Следните три месеци се важни за развојот на момците и за тоа што ќе се случува во Јувентус во иднина“, изјави Алегри.

ПретходноБостон завери конференциско финале, Динчиќ со трипл-дабл ја размонтира Оклахома (ВИДЕО)
СледноТен Хаг им се обрати на навивачите, погледнете ја нивната реакција (ВИДЕО)