Ова е прва сезона за Баерн Минхен по 12 години, односно по 2011/2012 година, во која не освоија ниту еден трофеј. Во Бундес-лигата се на второто место зад новиот шампион Баер од Леверкузен, кој стави крај на 11-годишната доминација на минхенскиот клуб во германскиот шампионат. Во осминафиналето на германскиот куп шокантно беше елиминиран од третолигаш, додека во полуфиналето на Лигата на шампионите беше исфрлен од Реал Мадрид.
Тренерот Томас Тухел треба да го води тимот до крајот на сезоната, а потоа да си замине, иако неговиот договор е со важност до летото 2025 година. Баварците веќе со месеци бараат нов специјалист, но по бројните одбивања постои можност Тухел да остане на клупата. Лотар Матеус (63), легенда на Баерн и германскиот фудбал, смета дека идејата да се задржи Тухел е симбол на хаосот во клубот.
„Го почитувам Томас Тухел и неговите квалитети. Баерн размислува да го задржи и тоа го покажува хаосот во клубот. Баерн испраќа сомнителна слика во светот. Од гледна точка на Тухел, велам дека тој не треба да остане во Баерн. Тој би имал други опции да работи во врвни европски клубови“, додаде Матеус, добитник на Златната топка во 1990 година, кој одигра 410 натпревари за Баерн во 1980-тите и 1990-тите и освои 15 трофеи со него.