Денеска со мечевите од 33.коло завршува 32.сезона во нашата елитна лига. На програмата од 17 часот се сите шест средби и по нивното завршување ќе се простиме со ПМФЛ се до почетокот на август кога ќе стартува новата, 33. сезона.
Од минатото коло се е познато. Струга ТЛ повторно е шампион, Македонија ЃП и Брегалница следната сезона ќе играат во ВМФЛ, Вардар ќе игра бараж за опстанок и тоа со Детонит.
Денеска ќе се решава само тоа кој ќе биде втор, кој ќе игра во Европа, односно кој ќе остане без настап на евро-сцената ова лето.
Шкендија е втора со два бода повеќе од Шкупи и му гостува на Работнички. На тетовци им треба само бод. Додека Шкупи ако сака да заврши како втор тогаш ќе мора денеска да ја победи Струга ТЛ, значи шампионот на негов терен, а Шкендија да загуби.
Тоа се математиките.
ДВОЈКИ ЗА 33.КОЛО – ДЕНЕСКА (17 Ч)
Брера – Македонија ЃП
Брегалница – Силекс
Работнички – Шкендија
Струга ТЛ – Шкупи
Вардар – Тиквеш
Воска Спорт – Гостивар
ТАБЕЛА
Струга ТЛ 64, Шкендија 61, Шкупи 59, Тиквеш 43, Работнички 42, Силекс 42, Воска Спорт 41, Гостивар 41, Брера 39, Вардар 36, Македонија ЃП 29, Брегалница 27…