Мирза Идризовиќ (26), ќе биде најновото засилување во редовите на Тиквеш. Станува збор за лев бек, кој би требало да донесе освежување и квалитет во составот на стратегот Пане Блажевски.
Инаку Идризовиќ е роден во Косовска Митровица, има српски пасош, а играл во екипите на Слобода Чачака, Металац, Мокра Гора, Карслбрун (Германија), Трепча, а последен клуб му бил Тутин од каде и доаѓа во Тиквеш.