Пеко Бањаја победник на спринтот за ГН на Италија!

52

Франческо Пеко Бањаја со својот Дукати беше најбрз на спринтот на патеката Муџело за ГН на Италија во Мото ГП. Тој извозе за време од 19:30, 251 минути и со тоа дојде до прва победа во спринт уште од минатата сезона кога беше најбрз за ГН на Австрија.

На второ место заврши Марк Маркез од тимот на Гресини со 1,269 секунди заостанување а трет беше дебитантот Педро Акоста кој уште еднаш го потврди својот неспорен талент уште во својата прва сезона во “кралската класа“.

Инаку спринтот го одбележа Хорхе Мартин кој прво го удри Енеа Бастијанини и го елиминира од трката, за да потоа сам погреши и се најде покрај патеката.

ПретходноАрсенал му нуди нов договор на Артета, со двојно поголема плата!
СледноФФМ го осуди инцидентот во Детска лига: Понатамошните натпревари ќе се играат без публика!