Како што и беше најавено. Од денеска попладне Тиквеш ги стартуваше подготовките. Прво стратегот Ѓорѓи Мојсов прозиваше, а потоа играчите го одработија и првиот тренинг на теренот на Градскиот стадион во Кавадарци.
Веднаш да кажеме дека некои од играчите добија ден – два уште одмор, па така се очекува допрва тимот да се комплетира, да дојдат и новите имиња. денеска беше Михаил Маневски од новаците како што се гледа од фотографиите.
Инаку Тиквеш за првпат во својата историја толку рано ги стартува подготовките, тие летните, од причина што за првпат ќе игра во фудбалска Европа откако минатиот месец го освои Купот на Македонија, исто така за првпат во својата историја.