Денеска се одигра првата пријателска во Македонија на некои наши прволигашки екипи ова лето. Попладнево под Шара, на Градскиот стадион во Тетово, Шкендија со 1:0 успеа да го победи Тиквеш, освојувачот на Купот на Македонија.
Стрелец на победничкиот гол беше Красниќи откако во 68.минута од слободен удар шутираше фантастично во мрежата на кавадарчани.
Добар меч како за почеток, добра контрола и за двајцата тренери Јетон Беќири и Ѓорѓи Мојсов да имаат на увид до каде е формата на своите екипи во пресрет на настапите во квалификациите во Лигата на Конференции. И двајвата стратези има дадоа шанса на повеќе свои играчи да покажа што знаат и можат во овој момент.