Хрватскиот репрезентативец Марко Рог, навистина нема среќа. Во сабота прв пат заигра за Каљари после повеќе од седум месеци по операцијата на вкрстениот лигамент. Но, неговото враќање на теренот веројатно е упропастен со нова повреда.
„Скај“ пишува дека Рог на пријателскиот меч со Аугзбург повторно го повредил коленото, а од неговиот клуб се загрижени дека станува збор за истото колено и истиот лигамент.
Каљари е поразен со 3:1, а Рог одигра до 64. минута.