Македонската младинска ракометна репрезентација одигра реми (20-20) против Австрија во последниот меч од групната фаза на Европското првенство во Словенија. Со овој резултат „црвено-жолтите“ ќе разигруваат во средната рунда, поточно за пласман од 9-16 место, противниците ќе бидат познати нешто подоцна.
И на оваа средба, двигателот во националниот тим беше Иван Галевски. Голманот на Алкалоид беше на ниво на задачата, главна причина за водството на Македонија од три гола 14-17. Зад своето име запиша 15 одбрани, но нашиот тим не успеа да ги круниса сите негови интервенции. На крајот очекувано беше прогласен за МВП на мечот.
Дел од одбраните на Галевски можете да ги видите во продолжение.