Сензација на Вимблдон: Крејчикова е новата шампионка

165

Барбора Крејчикова е нова шампионка на Вимблдон. Во финалето на најпрестижниот турнир во светот, чешката тенисерка ја победи седмата светска тенисерка Јасмин Паолини од Италија со 2-1, по сетови 6:2, 2:6, 6:4. Мечот траеше еден час и 58 минути игра.

Крејчикова го освои својот прв Грен слем трофеј во 2021 година на Ролан Гарос во досега единственото финале во сингл во нејзината кариера. Сопственичка е и на седум Грен слем титули во конкуренција на двојки, а интересно е што нема пораз на ниту еден решавачки меч.

Крејчикова ќе заработи 3,2 милиони фунти.

Утре во 15 часот, во реприза на минатогодишното финале во машка конкуренција, Новак Ѓоковиќ ќе се сретне со Карлос Алкараз.

ПретходноЛоран Блан е нов тренер на Бензема во Ал-Итихад
СледноЈуниорите изборија пласман за Светското првенство 2025