Кошаркарската репрезентација на Србија победнички оди на ОИ во Париз. На последната контрола избраниците на Светислав Пешиќ ја совладаа Грција со 94-72.
Ова беше дуел на кој Србите имаа контрола на резултатот во текот на целиот меч, одржуваа двоцифрена предност. Грција која не е комплетна, го нема Ник Калатас, во ниту еден момент не дојде до водство.
Дуелот се играше пред 18.000 гледачи, според официјалната статистиката на тамошната федерација.
Богдановиќ имаше 19 поени, Јокиќ постигна 16 поени, осум скока и 6 асистенции. На другата страна Јанис Адетокумбо имаше 17 поени. И двата селектори ја поделија минутажата.
🛑 Milutinov ne da Adetokumbu! pic.twitter.com/7bhim34lC7
— Arena Sport TV (@arenasport_tv) July 22, 2024
Србија на ОИ отвара против САД, а ќе игра против Порторико и Јужен Судан.