Шекил го понижи Руди Гобер како никогаш до сега

239

Легендарниот Шекил О’Нил не е љубител на играта на Руди Гобер. Тој често го критикуваше Французинот и смета дека едноставно е преплатен. За ова зборуваше пред неколку месеци. Не може да поверува дека некој со просек од 12 поени има договор од 205 милиони долари.

„На 42-годишна возраст, ќе постигнев 12 поени и ќе имав осум скока по натпревар. Ќе имав полоша статистика на оваа возраст. Тоа не е кавга, туку факт. По ѓаволите, момчето зема толку пари“, рече Шек.

По мечот меѓу Франција и Бразил, каде што Гобер одигра прилично скромна партија и речиси немаше никакво влијание врз играта, О’Нил повторно се сети на својот стар познаник.

На Инстаграм објави фотографија со ликот на францускиот кошаркар кој работи на каса со порака: „Руди Гобер да не беше 216 сантиметри“, порака од О’Нил, кој алудира на тоа дека тој веројатно би работел на каса во трговски центар.

И покрај жестоките критики од О’Нил, Гоберт беше прогласен за најдобар дефанзивец во НБА минатата сезона. Ова е негова четврта награда.

Французинот пристигна во НБА во 2013 година како 27. пик на Денвер Нагетс, но покрај за Минесота во кариерата настапуваше и за Јута Џез.

ПретходноНадал бесен: Ова е лудост!
СледноДеби од соништата за Шеј Ју на ЛОИ