Чудесниот Рајан Крузер до трето олимписко злато во низа!

136

Американецот Рајан Крузер (31) ја освои третата последователна олимписка титула во фрлање ѓуле на Олимписките игри во Париз.

Тој е апсолутниот владетел на оваа дисциплина. Крузер е и двократен последователен светски шампион и светски рекордер во фрлање ѓуле, доминираше во финалето, ги уфрли трите најдолги шутеви на натпреварувањето во првите три серии, прво 22,69, па 22,64 , а потоа и во третата серија и најдолгата 22,90 метри .

Искусниот Џо Ковач (35) стигна до среброто со шут во последната серија, негово трето последователно олимписко сребро. Ковач го уфрли ударот на 22,15 метри, ист резултат имаше Кембел (28), но бидејќи вториот удар на Ковач беше многу подобар од Кембел, тој падна на бронзената позиција.

ПретходноФемке Бол во луда трка им го зеде златото на Американците
Следно„Рафална“ вечер на Богдановиќ – Србија во четвртфинале на ЛОИ