Од Јужен Судан бесни: Судиите им помагаа на Србите

349

Претседателот на Кошаркарската федерација на Јужен Судан, Лул Денг изјави дека судиите намерно суделе во корист на Србија на вчерашниот дуел на двете селекции во групната фаза на Олимписките игри.

„Орлите“ го совладаа непријатниот Јужен Судан и го елиминираа од Олимписките игри, а веднаш по дуелот селекторот Ројал Ајви беше незадоволен од арбитражата, чие мислење го дели и претседателот на федерацијата, славниот Луол Денг.

„Знам дека Србија е позната по кошарката, тие беа одлични толку многу години… Но, начинот на кој играат нивните бекови, како судиите да ги познаваат. Во ред е тоа, да ги пуштат да го играат нивниот стил, но само ако истото им го дозволат и на нашите момци. Наместо тоа, тие им го судеа секој фаул“, изјави Денг. 

Да потсетиме, Србија изведе 31 слободно фрлање, наспроти шест што ги имаше Јужен Судан.

ПретходноАнчелоти не е загрижен по поразот од Барса: Не ни се важни резултатите на контролите!
СледноАлкараз откри што ќе направи ако го победи Ноле