Лудо беше на дуелот меѓу Италија и Јапонија во четвртфиналето на одбојкарскиот турнир на ЛОИ. Имено Јапонците водеа со 2:0 во сетови, имаа и неколку меч топки, и кога се чинеше дека лесно и убедливо ќе слават, тогаш Италија и тоа како се дигна, и не само што го доби тој трет сет туку на крајот славеше 3:2 и се избори за пласман во полуфиналето.
Навистина ваква драма ретко се гледа во одбојката, Италија и Јапонија одиграа за сите вкусови што се вели, но на крајот место во полуфиналети имаше само за една репрезентација.
Италијанците во полуфиналето ќе се сретнат со подобриот од дуелот меѓу Франција и Германија кој се игра попладнево од 17 часот.