Брегалница се пофали со четири засилувања! (ФОТО)

545

Штипска Брегалница, која во претстојната сезона ќе игра во ВМФЛ, денеска се пофали со четири нови имиња, со што го комплетираше ростерот.

Тоа се Емре Кадри (20), дефанзивец кој доаѓа од ФК Работнички. Претходно има настапувано во младинските категории на Адана од Турција. Потоа Џихан Адили во редовите на штипските сини доаѓа од редовите на гевгелиски Кожуф, а кариерата ја започнува во младите категории на Шкупи, а настапуваше и за Кораби Дебар, Беласица и Дреница (Косово). Игра во средниот ред и има 22 години.

Виктор Крстевски и Рејан Абази во сино-белата чета доаѓаат во пакет на позајмица од Гостивар. Крстевски е стопер кој освен во Гостивар, бележеше настапи и во Вардар и Пелистер. Роден е 2002 година и ги покрива централните одбрамбени позиции. Абази, исто така е роден 2002 година и ќе го засили нападот на ФК Брегалница. Работнички, Шкупи, Кораби Дебар, Локомотива и Гостивар се неговите претходни клубови во кој настапуваше.May be an image of 1 person, playing football, playing soccer and textMay be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

May be an image of 1 person, playing soccer, playing football and text

ПретходноФантастична трка на 1.500 метри: Златото за Американецот Хокер!
СледноГрците го слават својот херој: Тентоглу повторно со круната во скок во далечина!