Страшни, ужасни вести доаѓаат од БиХ. Имено денеска од удар од гром загинал еден од најпознатите фудбалски тренери во таа земја, а тоа е Џенан Ушчуплиќ, кој имаше само 48 години. Ушчуплиќ несречно загинал на Зеленгора каде бил на планинарење заедно со своите пријатели.
Како што известуваат медиумите во БиХ, ова е страшна загуба за фудбалот во таа земја, пред се за клубот Сараево во кој Ушчуплиќ се прославил и како играч а потоа и како стратег.
Како тренер на “бордо“ тимот го освојувал првенството но и Купот на БиХ, а од 2023 година немал ангажман.
На социјалните мрежи од стратегот се прости и Крсте Велкоски, на кого Ушчуплиќ му беше тренер во Сараево.
Фото: SportSport.ba