Најмладиот од браќата Антетокумпо ќе игра во АБА 2 лигата

197

Грчкиот кошаркар Алекс Антетокумпо (22 години) во новата сезона ќе настапува за црногорскиот клуб Подгорица кој се натпреварува во АБА 2 лигата. Тој е најмладиот од браќата Антетокумпо, а другите двајца Јанис и Костас настапуваат во НБА лигата.

Подгорица успеа да реализира сензационален трансфер и да потпише со нигериско-грчкиот кошаркар, инаку член на славната спортска фамилија во која Јанис и Костас се ѕвезди во НБА лигата“, соопштија од клубот.

Алекс во Европа прво играл за Мурсија, а потоа заминал во Америка и преку Развојната лига и преку филијалите на Торонто и Милвоки пробал да влезе во елитното друштво но не успеал. Се вратил во Европа, на почетокот на оваа година во Литванија, а сега доаѓа во Црна Гора.

Тоа значи дека ќе го гледаме и против македонските екипи бидејќи во АБА 2 ги имаме три:  МЗТ Скопје, Пелистер и ТФТ Скопје.

ПретходноЛиверпул тргна победнички, Салах погоди за историја
СледноПСЖ даде 50 милиони евра за крило на Рен