Американците го носат Аврамовиќ во НБА, иако потпиша договор со ЦСКА (М)

983

Српскиот кошаркарски репрезентативец, Алекса Аврамовиќ би можел да заигра во НБА лигата следната сезона. Иако непосредно пред заминувањето на ЛОИ во Париз го напушти Партизан и потпиша договор со ЦСКА Москва, постои клаузула која му дозволува да оди во НБА лигата.

Дел од српските медиуми пишуваат дека Аврамовиќ е се поблиску до заминување во НБА, бидејќи две екипи се заинтересирани да го доведат. Едната е ЛА Клиперс, додека другата е Атланта во чии редови може да му биде соиграч на Богдан Богдановиќ со кого игра и за селекцијата на Србија.

Сега за сега нема конкретна информација, но очигледно преговорите течат.

ПретходноРоналдо побегна во соблекувалните и не го прими сребрениот медал
СледноПродолжува жетвата на трофеи: Баер (Л) го освои и Суперкупот на Германија