ОФИЦИЈАЛНО: Фофана е нов фудбалер на Милан

105

И официјално, Јусуф Фофана се пресели во Милан. Во дресот на „росонерите“ тој доаѓа од Монако.

Италијанскиот клуб го објави трансферот на 25-годишниот играч за врска, откако Французинот потпиша договор со клубот на 30 јуни 2028 година.

Претходно беше објавено дека Милан ќе плати 23 милиони евра плус 2 милиони бонуси за францускиот репрезентативец.

Минатата сезона Јусуф Фофана одигра 32 натпревари во Лига 1, постигнувајќи 4 гола и 4 асистенции.

ПретходноКадетите поразени од Унгарија, завршија на 10. место
СледноОдбојкарките загубија од Австрија на стартот на квалификациите за ЕП 2026