Екипата на Ал Хилал е освојувач на Суперкупот на Саудиска Арабија. Во најава на новата сезона, Ал Хилал беше подобар од Ал Наср со 4:1 благодарение на фантастичната игра на српските репрезентативци Сергеј Милинковиќ-Савиќ и Александар Митровиќ.
Кристијано Роналдо го доведе Ал Наср во водство и тимот на Португалецот замина на пауза со предност од 1:0.
Во 55-та минута Сергеј Милинковиќ-Савиќ погоди за 1:1, а само девет минути подоцна, Александар Митровиќ погоди со глава за целосен пресврт. Српскиот голгетер не застана тука, па во 69. минута погоди и за3:1.
Ал Хилал до крајот на натпреварот покажа уште еден гол за конечни 4:1, а стрелец беше Малком.