Шампионот Интер испушти победа на гостувањето кај Џенова на отворањето на новата сезона во Серија А. На гостувањето во Џенова, „нероаѕурите“ одиграа 2:2, откако домашните со голот на поранешниот играч на Милан, Жуниор Месијас, освоија бод во судиското надополнување.
Резултатот го отвори Вољако во 20-тата минута за водство на Џенова, но 10 минути подоцна Турам го изедначи резултатот. Во второто полувреме Интер се мачеше да постигне втор погодок, но во 85-тата минута Турам успеа да погоди и вторпат за водство.
Сепак, Месијас во судиското продолжение ги фрли навивачите на Џенова во екстаза за 2:2. Џенова доби пенал, Месијас биеше, но Зомер одбрани, па на одбиена топка Бразилецот погоди за израмнување.
🇮🇹 Goal: Junior Messias | Genoa 2-2 Inter
Junior Messias scores from the spot!pic.twitter.com/wOj2TFCfra
— PushGoals (@PushGoals) August 17, 2024
На вториот натпревар оваа вечер Фиорентина и Парма одиграа нерешено 1:1. Головите ги постигнаа Ман во 22-та минута за водство на Парма и Бираги во 75-тата за изедначување.