Одбојкарките загубија од Австрија на стартот на квалификациите за ЕП 2026

78

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија со пораз ги почна квалификациите за ЕП 2026. Во првиот меч од групата „Ф“ одигран вечерва во Скопје, нашите одбојкарки беа поразени од Австрија со максимален резултат.

МАКЕДОНИЈА – АВСТРИЈА  0:3 (14-25, 17-25, 20-25)

Избраничките на селекторот Стефан Пауновиќ во првите два сета не успеаја да се снајдат против фаворизиртаниот ривал, но во третиот сет потсетија дека и во овој тим составен од претежно млади одбојкарки има потенцијал за во иднина. Австрија ја потврди улогата на фаворит и ги освои првите бодови.

Тамара Стојанова со 12 поени беше најрасположена во нашиот тим, каде Мери Бошковска реализираше 7 поени, Јонузи 6, додека Баталаковска 5.

Македонија на 28 август ќе го идгра и вториот меч во групата, овој пат на гости кај Грција, која некоку дена претходно ќе и гостува на Австрија.

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Фофана е нов фудбалер на Милан
СледноРоналдо побегна во соблекувалните и не го прими сребрениот медал