Стојчев: Сараево одлично го познаваме, верувам во нашиот тим

216

Резервираност и оптимизам во стручниот штаб на младинскиот првак на Македонија, Брера Струмица, во однос на очекувањата од првите дуели со екипата на Сараево во младинската Лига на шампиони на УЕФА. Тренерот Ѓорѓе Стојчев заедно со Мартин Алаѓозовски ќе ги предводат младите струмичани на дебитантскиот настап во Лигата на шампион, а Стојчев вели дека со потенцијалот на Сараево е добро запознат благодарение на средбите во рамките на турнирот „Пријателство“

„Добивме противник со кој добро се познаваме од турнирот Пријателство. Многупати имаме играно досега и сите натпревари биле неизвесни и интересни. Искрено сите екипи кои во своите држави станаа шампиони се квалитетни и добро организирани. Нашата екипа максимално се подготвува за предизвикот што следи. Верувам во квалитетот на нашиот тим и ќе го дадеме максимумот во двомечот најпрво во Струмица, а потоа и на реваншот во Босна. Сите сме среќни што нашиот клуб ќе биде во друштвото  на најдобрите екипи во Европа во младинска конкуренција а со тоа се надеваме дека ќе се подигне нивото на  клубот на меѓународна сцена. Јавно ги повикувам сите лубители на фудбалот да дојдат на првиот натпревар кој ќе се игра во Струмица на стадионот Благој Истатов и да ја дадат поддршката на овие момци  и сите заедно да се радуваме на успех“, вели Стојчев

Првиот меч со Сараево ќе се одигра на 18 септември во Струмица, а реваншот е на 2 октомври во БиХ.

ПретходноГенијалецот кој го направи „Ред Бул“ Ф1 шампион за 100 милиони долари заминува во Астон Мартин!
СледноПелистер во големи проблеми, Кузмановски „поцрвене“ – за него заврши мечот со Алкалоид (ВИДЕО)