Младинските репрезентативци во таеквондо со пет медали на силен Е2 турнир во Белград

101

Одличен настап со пет освоени медали за нашите младински репрезентативци во таеквондо на силниот меѓународен Е2 турнир во Белград. Според информацијата, Теодор Стојановски (ТК Бутел)освои златен медал во категорија кадети со три победи над натпреварувачи од Израел, Бугарија и Украина.

Сребрен медал освои Филип Блажевски (ТК Бутел) во категорија јуниори со две победи над Словенија и Хрватска. Андреј Василевски (ТК Бутел), Христијан Симоновски (ТК Младост) и Ведрана Тунески (ТК Бутел) на крајот се вратија со освоени бронзени медали.

Младинскиот репрезентативен тим беше предводен од помошник селекторот Викторија Спасовска.

ПретходноШпанија вечерва без Олмо на мечот со Швајцарија
СледноНадежите тренираа во Гибралтар, под прашалник се Алиевски и Тодоровски