Рељиќ е седма на олимписката ранг листа, по краткиот одмор ја почнува мисијата ЛА 2028!

61

Македонската олимпијка во таеквондо, Милјана Рељиќ се најде на седмото место на Олимписката ранг листа.

Според нејзиниот тренер почнува процесот на собирање на поени за Олимписка А норма за следните Олимписки Игри Лос Анџелес 2028, каде што првите пет натпреварувачки имаат директна норма за настап.
„За две до три недели почнуваме со настапот на Г1 турнирите, а во декември сме дел од Големото Гранд При Финале во Кина, најголемо натпреварување по Олимписките Игри. Тука се освојуваат многу поени за олимписката ранг листа. По краткиот одмор, вратени сме во тренажен процес и се надевам дека повторно ќе ја израдуваме македонската јавност со нови успеси“, вели Ефтимов.
Рељиќ е најсериозна кандидатка од македонските спортисти за обезбедување А норма за следните Олимписки Игри. Тренерот Ефтимов ветува медали од Гранд При натпреварите и од други европски и светски првенства.

Рељиќ ја победи двократната олимписка шампионка, Британката Џејд Џонс со одличен настап на Олимписките Игри Париз 2024.

ПретходноКимих најави нов договор со Баерн (М)
СледноСупер Меси се врати со два гола и историско остварување!