Убава вест од Србија: Симаниќ по животната драма, потпиша официјален договор со нов клуб!

207

Убава вест од Србија, а најмногу за кошакарот Бориша Симаниќ кој од денеска и официјално е нов член на Игокеа. Колку за потсетување, минатата година на СП, тогашниот репрезентативец на Србија на мечот со Ј. Судан доживеа страшна повреда, дури и животот му беше доведен во прашање, една година беше на рехабилатиција и сега е се во ред со него. Симаниќ во претстојната сезона ќе игра за Игокеа, тим од БиХ.

Се исполни големата желба на младиот кошаркар повторно да игра професионална кошарка.

Тој во изминатите две недели интензивно тренираше со Игокеа, а луѓето од овој клуб одлучија да му понудат договор.

Секако дека ова е хепиенд за него по животната драма која ја имаше во изминатиот период.

ПретходноБаерн го претстави својот дрес инспириран од Октоберфест (ФОТО)
СледноЛШ: Јуниорите на Брера со гол од пенал во 90+5.минута, избегнаа пораз!