Пелистер победи на контролата со Приморје

37

Кошаркарите на Пелистер триумфираае со 89-83 на првиот од двата контролни меча како дел од подготовките на Златибор. Избраниците на Александар Петровиќ беа подобри од тимот на Приморје од Херцег Нови.

Конечните „плус шест“ не се реален одраз на случувањата на теренот, ако се знае дека Пелистер имаше целосна контрола на резултатот од почетокот на мечот, па се до самиот крај. Во втората и во третата четвртина нашиот тим имаше и најубедливи „+15“, но осцилациите во играта што се вообичаени во текот на ваквите подготвителни натпревари придонесоа дуелот да заврши со минимална предност.

Најдобар поентер кај „зелено-белите“ беше Брајан 22, додека Бојиќ постигна 21, а Едвардс 19 поени.

ПретходноСаудијците дошле да го купат Атлетико (М), акционерите ги вратиле назад
СледноЕкс-фудбалер на Арсенал кој играше и во ЛШ фатен со 60 килограми канабис