Вечерва на програмата беа девет средби од 1.коло во УЕФА Лигата на Европа. Се разбира дека главно изненадување беше срамното реми на Манчестер Јунајтед и тоа против Твенте на “Олд Трафорд“ со 1:1. Освоен е само бод, иако беа планирани сите три. Ериксен во 35.минута донесе водство на Јунајтед, но Ламерс во 68.минута го замолкна “Олд Трафорд“ за конечни 1:1.
АЗ Алкмар сио 3:2 успеа да го победи Елфсборг. Исто со 3:2, тимот на Бодо/Глимт направи сензација и дојде до победа над еден од фаворитите, тимот на Порто.
На останатите мечеви Андерлехт со 2:1 славеше против Фертенцварош, додека Лацио како гостин го “торпедираше“Динамо Киев со 0:3. Во турско – грчката битка домашниот Галатасарај со 3:1 го победи ПАОК, а Лудогорец како домаќин беше поразен од Славија Прага со 0:2.
Митјиланд и Хофенхајм ремизираа 1:1, со истиот резултат по бод освоија Ница и Реал Сосиедад.