Лина експресно со пласман во 1/4 финалето во Куршумлијска Бања!

24

Лина Ѓорческа се пласира во 1/4 финалето на турнирот во Куршумлијска Бања откако денеска успеа експересно со 2:0 во сетови да ја победи првата носителка Пана Удварди од Унгарија.

Во првиот сет нашата најдобра тенисерка блескаше и го доби со максимални 6:0, додека во вториот сет беше 6:3. Ова покажува дека Лина е во добра форма и дека на овој турнир во Србија ќе оди по титулата.

Утре во меч од 1/4 финалето Лина Ѓорческа за противничка ќе ја има Далила Јакуповиќ од Словенија.

ПретходноКоментар на 7.коло: Ве молиме воведете ВАР под итно!
СледноКатерина Шиповиќ – единствената македонска претставничка на ултра-трката „Спартатлон“