Француските медиуми пишуваат дека преминот на Лионел Меси во ПСЖ е готова работа, и дека само се очекуваат детали за потпис на договорот.
Хорхе Меси, таткото на Лео, веќе бил со челниците на Париз, и се очекува негова промоција.
Француските медиуми јавуваат дека дури ПСЖ ја откупил „Ајфеловата кула“ за да го промовира Меси, и тоа на 10. август.
Инаку се пишува дека дури нема да го носи дресот со број 10 кој наводно Нејмар веднаш му го отстапил, туку ќе биде со бројот 19, кој го носеше на почетокот на кариерата во Барселона.