Атаман: Нека се радуваат, ние повторно ќе бидеме шампиони и ќе ја освоиме Евролигата

538

Олимпијакос го совлада Панатинаикос со 86:85 во финалето на грчкиот Суперкуп и го освои првиот трофеј годинава. Сепак, тоа не го загрижи тренерот на „детелините“, Ергин Атаман, кој по натпреварот во свој стил изјави дека на крајот на сезоната ќе имаат два трофеи.

„Ќе бидеме подготвени и за Евролигата и за грчкото првенство. На крајот ќе освоиме се“, изјави Атаман.

Ергин во редовите на „зелените“ пристигна на почетокот на минатата сезона и во првата година ги предводеше до титулата во Евролигата, а го освоија и шампионатот на Грција.

ПретходноЕве зошто Куртоа ги провоцираше фановите на Атлетико Мадрид!
СледноТИМ И ИГРАЧ НА 8.КОЛО: Регба го “скрши“ Шкупи!