Најдобриот српски кошаркар Никола Јокиќ напорно се подготвува за новата НБА сезона. По успехот на Олимписките игри и најновите вести за српската репрезентација не му даваат мир.
Асот на Денвер Нагетс се наоѓа во Абу Даби на подготовките за новата сезона, а една од темите кои ги интересираа српските медиуми се однесуваше на ангажманот на тренерот во заминување Светислав Пешиќ од клупата на Србија.
Искусниот стратег на Србија и донесе светски и олимписки медали, но договорот му истекуваше на последниот ден од септември, но со доаѓањето на Небојша Човиќ на чело на КСС работите може да се променат.
Со тоа би се согласил и Јокиќ, главната надеж на Пешиќ во потрагата по овогодинешната олимписка бронза.
“Секогаш имам добар однос со тренерот и нормално, сакам тој да остане. Мислам дека зависи од него, а не од нас. Ние секако, доколку тој е тренер, ќе дадеме се од себе на теренот. Ако тој одлучи да не продолжи, мислам дека сигурно ќе го поддржиме, бидејќи мислам дека направи голема работа за нашата кошарка во изминатите неколку години“, изјави Јокиќ за новинарите во Абу Даби.
Незаменлив дел од приказната се однесуваше на веќе антологискиот меч со Соединетите Американски Држави, каде Србија за влакно ја испушти победата во „Дрим-тимот“. Јокиќ истакна дека тоа му бил најтешкиот пораз во кариерата.
“Тоа беше добар натпревар. Веројатно најголемиот пораз во мојата кариера досега. Голема шанса, но…на крајот не победија. Некои луѓе ќе го гледаат како нормален пораз, за оние од нас кои игравме , тоа сигурно беше најтешкиот пораз во нашата кариера“, заклучи најдобриот српски кошаркар во овој век.