Во последниот натпревар од првото коло во новата сезона на Првата „Мтел“ кошаркарска лига, Чаир 2030 славеше над Кожув со 99:79.
Екипата од Гевгелија подобро го отвори натпреварот во салата „Шабан Трстена“, но потоа домашните ја презедоа иницијативата. Имаа подобра реализација и успеа да се одржи во егал, иако гостите од Гевгелија заминаа на пауза со кош-предност – 40:41.
По одморот, чаирчани продолжија во силно темпо, стигнаа до комплетен резултатски пресврт, а на крајот и до убедлива победа. Повратникот во екипата од Чаир, Мофит забележа 26 поени (и седум успешни додавања). Кели имаше двоен ефект од 22 поени и 13 скока.
Кај Кожув одличниот Стевановиќ застана на 39 поени.