Јавоста му се нафрли на тренерот на Нено, тој бара изговори за катастрофата

235

Тренерот на Армани Милано, Еторе Месина е на удар на италијанската јавност и навивачите по синоќешниот неверојатен пораз на италијанскиот клуб во мечот со Жалгирис во Евролигата. Новиот тим на нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ, практично, загуби веќе добиен натпревар. На многумина им е доста до Месина, бидејќи Армани со сезони не напредува под негово водство во Евролигата.

„Искрено, мораме да се извиниме за ова. Мораме да бидеме искрени и да се извиниме за ужасниот настап во последните 15 минути. Бевме за потсмев. Гостите веруваа во пресвртот до крајот и го заслужија тоа. Мораме да се вратиме и да работиме. Во првите 25 минути можеби сме најдобри во лигата, особено ако ја гледаме одбраната, но во одреден момент престанавме да се браниме и да ја контролираме топката, треба да се погледнеме се во огледало и да видиме каде погрешивме“, рече Месина.

ПретходноАнгеловски: Техничките грешки не ни дозволија да се вратиме резултатски
СледноМеси: Крајот е близу