Македонскиот репрезентативец Лирим Ќамили постигна два гола во триумфот на Сондерјиске од 3:2 над Митјиланд, една од најдобрите екипи во данската Суперлига. Ќамили ги постивна првите два гола за предност на Сондерјиске од 2:0 по првото полувреме.
Сондерјиске е на 10. позиција со 11 бодови и три победи, а Митјиланд го впиша вториот пораз по ред и падна на второто место на табелата зад лидерот Копенхаген.
⚽️GOAL🇩🇰 | Sønderjyske 2-0 FC Midtjylland | Lirim Qamilipic.twitter.com/qhWwZSrKfx
— Goals Xtra (@GoalsXtra) October 20, 2024