Двојна победа на Ферари во САД, Макс заврши трет по казната на Норис

124

Одлична трка на Ферари на трката за Големата награда на САД што се одржа во Остин, Тексас. Дуото на Ферари ги зазеде првите две места, со тоа што победник беше Шарл Леклер, а втор Карлос Сајнц Јуниор.
Трет заврши актуелниот шампион и лидер во генералниот пласман, Макс Верстапен поради казната од пет секунди што ја доби Ландо Норис од Мекларен. Двоецот водеше жестока борба до финишот, Норис дури го претекна Верстапен во 52 круг, а го направи тоа на непрописен начин, принудувајќи го Холанѓанецот да излезе од патеката.
На крајот Норис доби казна од пет секунди и заврши зад Верстапен, а петтото место му припадна на другиот возач на Мекларен, Оскар Пиастри.
Луис Хамилтон излета од патеката уште во вториот круг и го заврши настапот. Тој беше единствениот кој не ја заврши трката.
А првпат по 2006 година Ферари има двојна победа во САД.
Следната трка е во Мексико Сити.

ПретходноМеси со Интер ќе игра на Светското клупско првенство
СледноБарселона ја „растури“ Севиља, Гави на терен по пауза од 325 дена