По поразот од Силекс на свој терен со 1:4, дел од играчите на Струга Трим Лум, како што велат нашите информации, ја прекршиле клупската дисциплина, биле фатени во дискотека, па затоа и биле санкционирани од страна на раководството на шампионот.
Станува збор за Марјан Радески, Сава Радиќ и Арби Воша. Сите тројца веднаш биле санкционирани, додека Никола Влајковиќ и Стефан Јевтоски се помилувани. За каков вид на суспензија станува збор треба да се изјасни официјално самиот клуб.
Инаку сите петтмина беа во записникот на тој меч со Силекс во неделата, додека никој од нив не беше во записникот на завчерашниот куп меч со Македонија ЃП како што се гледа од фотографијата.
Се разбира дека се ова му задава уште поголеми главоболки на шефот на струката Ќатип Османи во пресрет на големото дерби против Шкендија во Тетово во рамките на 11 коло кое се игра во недела под Шара од 13 часот.
Шампионот во пресрет на новата сезона беше посочуван како апсолутен фаворит за нова, трета титула во низа, но со оглед како играше Струга ТЛ во првите десет кола тешко дека тие прогнози ќе се остварат.