Како што се шпекулира, Александар Митровиќ најверојатно по завршување на сезоната ќе ја напушти С. Арабија и ќе се врати во Европа, веројатно во Премиер-лигата. Тој има договор до 2026 година со годишна плата од 25 милиони евра.
Во случај тоа да се случи, тогаш раководството на пребогатиот клуб од Саудиска Арабија има намера да го ангажира напаѓачот на Фенербахче, Един Џеко кој и не е во потребната форма кај Жозе Мурињо.
Легендарниот Босанец нема ништо против, би добил договор од 1+1 година, значително поголема плата од таа што ја зема во Истанбул и секако дека во С. Арабија би ја завршил кариерата.