Естонците без важен ракометар во Скопје, и Литванија со проблеми

147

Македонската машка ракометна репрезентација на 6. ноември на домашен терен ја почнува мисијата – ЕП 2026 година. Во ноемврискиот циклус противниците на избраниците на Кирил Лазаров ќе бидат селекциите на Естонија и Литванија.

Естонија гостува во Скопје на 6. ноември, а во составот на оваа репрезентација ќе го нема  Мат Патраил, искусниот бек кој е надвор од натпреварувачки ритам бидејќи се уште нема клупски план.

Вториот противник на Македонија во квалификациите за ЕП 2026 е репрезентацијата на Литванија која ќе не пречека на 10. ноември во Вилниус.

Гинтарас Савукинас, селекторот на литванската репрезентација нема да може да смета на оваа акција на Јонас Тручановичиус кој е повреден. Нема да игра ниту Ромас Аукштикалнис, кој има мала минутажа во Германија. Лидер на оваа репрезентација ќе биде ветеранот Ајденас Малашинскас (38), а познато име, Гердас Бабарскас ќе му биде потпората, особено во одбрана.

ГОЛМАНИ: Гидрус Моркунас, Лукас Гурксис, Вилиус Рашимас.
ЛЕВИ КРИЛА: Мантас Урвикис, Паулиус Чесна.
ЛЕВИ БЕКОВИ: Гердас Барбаскас, Каролис Антанавичиус, Матас Аукштикалнис.
ЦЕНТРАЛНИ БЕКОВИ: Аиденас Малиншкас, Бенас Петреикис, Томас Дракшаш.
ПИКЕРИ: Андриус Монтилас
ДЕСНИ БЕКОВИ: Миндаугас Думчиус, Матас Каирис.
ДЕСНИ КРИЛА: Миколас Лапиниаускас, Каролис Григас

Претходно„Ќе биде специјално чувство да излезам на терен против Пелистер“
СледноГалата и Фенер во битка за потписот на Елмас!