Се зголемува бројот на атлетичари кои ќе учествуваат на атлетскиот Грен Слем на Мајкл Џонсон

40

Дерил Нита стана првата Британка која се приклучи на новата атлетска лига на Мајкл Џонсон. Нита (28) беше дел од квартетот на Велика Британија на 4×100 метри кој го освои сребрениот медали на Олимписките игри во Париз ова лето.

Атлетскиот Грен Слем, основан од американската легенда Мајкл Џонсон во јуни, се надева дека ќе ги собере светските елитните спортисти. Новиот формат ќе започне во април 2025 година, а наградниот фонд од 12,6 милиони долари ќе биде распореден на четири трки.

Нита им се придружува на сребрените медалисти од Олимпијадата во Париз, Џош Кер (1500 метри) и Метју Хадсон-Смит (400 метри) како дел од британските спортисти кои го потврдија учеството во новата лига.

Досега своето учество го потврдија и останатите светски ѕвезди, кениската светска и олимписка медалистка на 800 метри Мери Мора и светската шампионка на 400 метри Салва Аид Насер (Бахреин), која освои сребро во Париз.

Грен слем натпреварувањето ќе има четири настани годишно, од кои два ќе се одржуваат во САД.

ПретходноШпанија славеше голема победа благодарение на голема судиска грешка (ВИДЕО)
СледноКонор Мек Грегор осуден за силување