Ардијан Рустемовски освои сребрo на БП во Србија

41

Ардијан Рустемовски освои сребрен медал на Балканското Првенство во Лозница. По пет бронзени одличја до сега, македонскиот боксерски репрезентативец  Ардијан Рустемовски го освои сребрениот медал на Балканското првенство во бокс во Лозница и на Македонија и донесе уште едно големо признание од овој шампионат.

Ардијан загуби во финалето од Украинецот Максим Зименко со прекин во третата рунда. Македонија веќе има уште две финалиња, кои можат дани донесат и злато. Денеска во финалето на Балканското првенство ќе настапат сеноирите Ален и Ружди Рустемовски.

Финале

57 кг Ален Рустемовски –Денис Роздолски (Украина)

Финале

60 кг Ружди Рустемовски – Стефан Чамовиќ (Србија)

ПретходноКошаркарите истрчаа во Арената во Клаипеда која утре се очекува да „крца“ (ФОТОГАЛЕРИЈА)
СледноЛампард денеска ќе биде промовиран во Ковентри