ПМФЛ: Шкендија го реши Шкупи ама Силекс е нов лидер, Гостивар славеше на Арената, Струга ТЛ, Работнички и Брера победнички!

499

Попладнево се одиграа сите шест средби од 16.коло во ПМФЛ. Во дербито на колото под Шара, Шкендија со 2:0 успеа да го победи Шкупи. Чаирчани продолжуваат со лошите резултати, Шкендија пак одново одигра како што треба и победи и освои три нови бода. Шаља и Ибраими беа стрелците за тетовци.

Сепак Шкендија и покрај тоа што победи не е лидер на табелата. Тоа е Силекс кој со 4:1 ја победи Воска и поради подобра гол – разлика од Шкендија и Гостивар ќе биде прв најмалку до следното коло. Овие три екипи имаат по 33 бода.

Кратовци иако играа во одреден момент и со играл помалку блескаа, а Додев, Игњатов, Алиќ и Донов стрелаа за победа.No description available.

Гостивар со 0:2 успеа да го победи Вардар на Арената. Првиот дел домашните имаа неколку шанси за водство, но во второто полувреме со головите на Диата и Ивановски дојдоа до победата. Треба да се каже дека голот на Диата беше прекрасен и тоа со шут од далечина.

Работнички им се врати на победите и дефинитивно. Со двата гола на Мазари освоени се трите бода во Кавадарци, нема дилеми, Тиквеш се лизга кон Втората лига.

Струга ТЛ очекувно славеше против Пелистер и тоа со голот на Кехинде уште во првиот дел.

Брера со голот на Мато успеа да освои големи три бода на гостувањето кај Беса.

РЕЗУЛТАТИ ОД 16.КОЛО

БЕСА – БРЕРА 0:1

(/Мато 61.)

ШКЕНДИЈА – ШКУПИ 2:0

(Шаља 4., Ибраими 61./)

СИЛЕКС – ВОСКА 4:1

(Додев 23., Игњатов 66., Алиќ 76., Донов 80./Ларсон 74.)

СТРУГА ТЛ – ПЕЛИСТЕР 1:0

(Кехинде 18./)

ТИКВЕШ – РАБОТНИЧКИ 0:2

(/Мазари 6., 36.)

ВАРДАР – ГОСТИВАР 0:2

(/Диата 63., Ивановски 87.)

ПретходноНа 942 меча: Пеп за првпат во кариерата испуштил предност од три гола!
СледноВасоски: Убаво е да си лидер на табелата!