Вардар 1961 и ГРК Охрид со планирани гостински бодови!

63

Вардар 1961 и ГРК Охрид дојдоа до планираните бодови во рамките на 13-то коло. „Црвено-црните“ на гостувањето кај Бисинов славеа со 29-41, додека пак охриѓани беа подобри од Бутел Скопје на гостин терен со 28-33.

Вардар 1961 ја продолжи трката за лидерското место со Алкалоид, пред ова коло двата тима имаа по 22 бода, додека пак Бисинов е во долниот дел на табетала.

Ракометарите на Вардар 1961 победа ја осигураа во вториот дел, иако беа во водство и во првоте 30 минути, сепак доминацијата на теренот се виде дури по одморот. Првото полувреме го завршија со предност од четири гола (17-21), а до пред паузата домаќинот се држеше резултатски, по што загуби здив.

Пинто имаше седум гола кај победникот, еден помалку запиша Ларс Коиј. На другата страна Илиев имаше шест погодоци.

ГРК Охрид се испоти на гостински терен, особено во првото полувреме кое заврши 15-15. Домаќинот се покажа како тврд орев за фаворитот, отвори со 4-2, додеше и со 7-5. Во вториот дел охриѓани со серија од 4-0 поведоа со осетлива разлика од 18-24, доволна за мирен финиш.

Цирар имаше седум гола, додек Ојлески пет кај победникот, во редовите на домашниот тим Николов запиша шест погодоци.

За ГРК Охрид ова беше десетта победа со која останува на четвртото место во Супер-лигата, додека Бутел Скопје е веднаш зад него на минус шест бода.

ПретходноМЗТ Скопје се намачи со Кожув, но дојде до планираните бодови
СледноСуперкомпјутерот прогнозира: Бразил ќе биде светски првак во 2026 година, а Нигерија во 2042!