Работнички го засили нападот со двајца интернационалци од Гамбија. Ебрима Баџие (22) и Ламин Дарбо (18) се нови фудбалери на „романтичарите“.
Ебрима Баџие може да настапува како офанзивен играч за врска и како крилен напаѓач, а доаѓа од тимот на Брикама Јунајтед од Гамбија.
„Среќен сум што добив шанса да настапувам за Работнички. Ќе дадам се од себе за да му помогнам на тимот да ги оствари целите во новата сезона“, вели Ебрима Баџие.
Ламин Дарбо е централен напаѓач и исто така има настапувано во првенството на Гамбија. Тој е помлад брат на Дембо Дарбо, кој во минатото настапуваше за Шкупи.
„Запознат сум квалитетот на првенството во Македонија и за мене тоа е голем предизвик. Ќе се потрудам да ја оправдам довербата“, изјави Ламин Дарбо.